-->
-->
Санација и асфалтирање на повеќе локации во Крива Паланка
-->
Aсфалтирани се повеќе локации во централното градско подрачје на Крива Паланка согласно Програмата за санација, тампонирање и асфалтирање на делови од улици и крпење на удирани дупки на улици и локални патишта на територијата на општината за 2016 година.
Извршена е санација на пешачкот мост т.н „Градечки Мост“ кој ги поврзува основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“ и пристапниот тротоар на магистралата М2. Мостот е со должина од 44 метри и ширина од 3.8 метри. Стариот и дотраен асфалт е заменет, а вградени се околу 170 метри квадратни нова асфалтна површина. Освен мостот, асфалтиран е и пристапниот пат помеѓу училиштето и градскиот парк, со површина од 150 метри квадратни.
Од локалната самоуправа истакнаа дека со Одлука на Советот на општината асфалтиран е и спортскиот терен во училишниот двор на централниот објект на ООУ Јоаким Крчовски, а во рамки на оваа програма деновиве е асфалтиран еден крак од улицата „Наско Тамбурков“ во населба Скрљава, како и новиот пристапен пат до здравствениот дом „Димитар Арсов“.
Со Програмата за санација, тампонирање и асфалтирање на делови од улици и крпење на удирани дупки на улици и локални патишта на територијата на Крива Паланка за 2016 година од општинскиот буџетот се издвоени вкупно 11,8 милиони денари.
Градежните активности продолжуваат и во текот на наредните денови согласно предвидената динамика и временските услови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација