Македонија
23. July 2015 - 21:38

Самоубиство во Волково: Момче се фрли под воз

Вечерва на пругата што ги дели населбите Волково и Ново Село се случила несреќа во која возот прегазил човек, а очевидците велат дека станува збор за младо момче, јавува порталот калимеро.мк.

Иако многупати пишувавме за тоа дека безбедносните рампи на овој премин не функционираат како што треба, сепак никој не се погрижи и не презема никакви мерки за да се реши овој проблем.

Луѓето кои ги сретнавме таму претпоставуваат дека станува збор за самоубиство, бидејќи момчето се обидело да ја премине пругата токму во моментот кога возот минувал преку улицата.

Полицијата е на местото на несреќата и моментално врши увид.