Балкан
6. February 2017 - 20:16

Самоубиство: Маж се фрли од зграда, соседите слушнаа крик

Маж на возраст од 40 години денеска изврши самоубиство, скокајќи од третиот кат на зграда во Нови Сад.

При падот е оштетен еден автомобил, а на несреќниот човек му немало спас, и покрај брзата реакција на Итната помош.

На местото брзо стигнале и пожарникарите и полицијата чии седишта се во близина на местото каде што се случи трагедијата.

Засега не е познат мотивот за самоубситвото, како и тоа дали постои проштално писмо.

Соседите велат дека најпрвин слушнале извик, а потоа и силен удар, кога телото удрило во паркираниот автомобил.