Самоубиствени бомбашки напади во Хама и во Багдад
Двоен самоубиствен атентат денеска е изведен во сирискиот град Хама, контролиран од силите на режимот, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на локалните власти.
Според сириската државна агенција Сана, попладнево на плоштадот Ал Аси, во центарот на Хама, терорист го активирал ременот со експлозиви , а 15 минути подоцна уште еден терорист се разнел на истото место. Во двата напада загинаа најмалку две лица, а уште најмалку 10 се ранети, пренесе ТАСС.
Атентатите во градот Хама и истоимената провинција беа реткост од почетокот на 5,5-годишната сириска војна. Денешниот двоен напад се случува во момент кога коалицијата на бунтовниците и џихадистите веќе еден месец настапува кон провинцијата Хама и досега успеа да заземе околу 40 населени места, забележуваат француските медиуми.
Во 2013 година во Хама во напад со автомобил бомба загина гувернерот на провинцијата, Анас Абдел Разак ан Наим.
За денешниот двоен атентат одговорноста ја презеде Исламска држава.
Најмалку 10 лица денеска се убиени и во двата самоубиствени бомбашки атентата во Багдад. Нападите се извршени во шиитските квартови на ирачката престолнина. Во нив се ранети уште најмалку 32 лица.
Исламска држава и овде ја презеде одговорноста за нападите, пренесоа француските медиуми.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање