Свет
2. August 2017 - 12:07

Самоубиствен напад во Авганистан

Бомбаш самоубиец се разнесе денеска пред конвој на меѓународните сили во близина на аеродромот во Кандахар, изјави авганистански официјален претставник.

Портпаролот на локалната полиција, Зиа Дурани го потврди нападот, без да соопшти повеќе детали.

Според локалната телевизија Ти Ви 1, станува збор за американски воен конвој. Нападот бил извршен во реонот Шор Андам во округот Даман. Засега нема информации за загинати или повредени во инцидентот.

На аеродромот во Кандахар се наоѓа голема воена база на меѓународните сили кои им помагаат на авганистанските безбедносни сили.