Самоубиствен бомбашки напад врз хотел во Могадишу
Најмалку седум лица загинаа, а 10 се повредени во самоубиствен бомбашки напад врз хотел во центарот на сомалискиот главен град Могадишу, откако претходно во зградата влегле борци на исламистичката група „Ал Шабаб“, соопшти полицијата.
По експлозијата се слушнале и истрели. На местото на инцидентот веднаш се испратени медицински екипи.
- Ние го нападнавме хотелот, кој е често посетуван од членови на Владата, изјави портпаролот на „Ал Шабаб“ за воени операции, шеик Абдиазис Абу Мусаб, додавајќи дека борците на групата се наоѓале внатре во хотелот.
Исламистичката група често извршува напади во Могадишу, обидувајќи се да ја собори Владата, која е поддржана од Западот.
- Меѓу жртвите има цивили и припадници на хотелското обезбедување, истакна полицискиот началник Али Хасан.
Тој нагласи дека „многу луѓе се спасени од задните излези на хотелот, но никој не може да влезе и да се приближи до зградата од предниот дел. Таму се наоѓаат снајперисти“.
Според полицијата, вооружени напаѓачи држеле одреден број заложници од гостите на хотелот „Насахаблад“.
Очевидец тврди дека напаѓачите неконтролирано пукале врз гостите на хотелот.
Вооружената пресметка меѓу напаѓачите и безбедносните сили се уште трае.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација