Самохрана мајка на 4 деца послужила тројца мажи, кога отишла да им наплати, останала во шок и се расплакала од среќа
Самохраната мајка на четири деца, Триша Марфи, од американската сојузна држава Мејн едвај спојува крај со крај.
Покрај тоа што работи во старечки дом и полага испити како би станала професионална негувателка, дополнително е вработена како келнерка.
„Просечно работам 50 до 60 часа неделно и на курс поминувам уште 18 часа“, вели таа.
Еден викенд и бил посебно стресен бидејќи освен што не стигнала да оди на божиќен шопинг, и се расипал автомобилот и не знаела како ќе пронајде 735 долари за поправка.
Додека во текот на својата смена во ресторанот се мислела што ќе прави, на една маса седнале тројца мажи, а еден ја прашал какви и се плановите за Божиќ.
Им раскажала дека има четири деца кои се веселат за празниците. Кога дошло време за наплата, останала во шок.
Мажите и оставиле 500 долари бакшиш, што било дури 15 пати повеќе од износот на сметката.
- Прво мислев дека се работи за грешка, а потоа морав да се борам со солзите. Еден од нив само се насмевна и рече „Среќен Божиќ“, драга, раскажала Триша која целата приказна ја споделила на Фејсбук.
„Веќе можев тие пари да ги вложам за поправка на автомобилот, а со останатата заработувачка да купам подароци за децата. Ми го спасија Божиќ. Се уште има добри луѓе на овој свет, рекла Триша.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација