Македонија
16. December 2017 - 20:16

Само вечерва Скопје како Амстердам: Разголени девојки во долна облека заведуваат од излог

Во пресрет на утрешниот веќе традиционален Марш на црвените чадори во Скопје, попладнево со перформанс во центарот на главниот град сексуалните работнички побараа унапредување на нивните права.

Имено, еден од објектите на булеварот Климент Охридски беше адаптиран во излог, налик на излозите на борделите во Уличката на црвените фенери во Амстердам од каде танцуваа сексуалните работнички и ги мамеа погледите на скопјани и покрај дождот кој попладнево го зафати Скопје.

Со овој уметнички перформанс насловен  „Скопје ред лајт дистрикт“ учесниците побараа да престане насилството врз сексуалните работнички и да продолжи јавно да се зборува за нивните проблеми и права.

Организатор на ова необично случување кои предизвика голем интерес кај минувачите е граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на сексуалните работници „Стар-стар“.

Оние кои го пропуштијата првото шоу на девојките кое почна во 17 часот, ќе може по 20 часот да го погледнат повторно.