Само вчера во Скопје полицијата казни над 200 возачи - дури половина од нив возеле пребрзо
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (17.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 102 санкции, 25 санкции за управување под дејство на алкохол, 11 мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-

Клековски: Нема доцнење во исплатата на надоместокот за породилно отсуство и на капитациите за матични доктори
-

ВМРО ДПМНЕ и денеска негира дека Македонија ќе прифаќа мигранти од Велика Британија
-

Трошоците на живот на годишно ниво зголемени за четири, а и на цените на мало за три отстто
-

Сијарто во Москва: Унгарија и Русија мора заеднички да се спротивстават на надворешниот притисок
-

Приведен 28-годишен криумчар на мигранти, пронајдени пет лица од Египет
-

Дојранското и Преспанското Езеро под просекот за декември
-

МВР: Петардите се опасни и штетни, засилени акциски контроли за празниците
-

Експертите советуваат: Не останувајте во брак само поради децата
