Само вакцинираните во Лос Анџелес ќе можат да одат во ресторани, фризери и спортски натпревари
– Градскиот совет на Лос Анџелес гласаше со 11 наспроти два за да се воведат најстрогите анти-епидемиски мерки во САД, јавија американските медиуми.
Од 4 ноември, секој кој оди во ресторан, салон за маникир, фитнес или на натпревар на кошаркарскиот тим Лос Анџелес Лејкерс ќе треба да приложи потврда за вакцинација.
Негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа, при влегувањето во тие места, ќе биде потребен за лица со верски или медицински исклучоци за вакцинација.
Вториот најнаселен град во САД доживеа огромен скок на инфекции и хоспитализации минатата зима. Градоначалникот Ерик Гарсети се очекува да го потпише документот, по што ќе стапи во сила. Околу 78 проценти од 10 милиони луѓе во округот примиле барем една доза од вакцината, а 69 проценти се целосно вакцинирани.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи