Loading Video...
Спорт плус
28. September 2018 - 14:43

Само уште едно празно место за полуфиналето на СП за одбојкари

Репрезентациите на САД, Бразил и Србија се полуфиналисти на машкиот одбојкарски Мундијал чија завршница се игра во италијанскиот град Торино. 
 
Иако Србите синоќа беа убедливо со 3-0 поразени од бранителите на шампионскиот трофеј Полјаците, сепак одбојкарите на нашиот северен сосед веќе го обезбедија своето место меѓу четирите најдобри. 
 
Кој ќе биде последниот патник во полуфиналето закажано за утре, ќе дознаеме по вечерашниот меч меѓу Италија и Полска во кој на домаќинот му е потребна максимална победа и тоа изразена со поголема поен разлика, доколку на светските прваци Полјаците доволно им е да освојат само еден сет. 
 
Бразил и САД во директен дуел решаваат кој ќе биде првопласиран во втората група, во која натпреварите на Мундијалот завршија за Русија.