Спорт плус
23. September 2018 - 11:29

Само уште две места за завршницата на Светското одбојкарско првенство

Репрезентациите на Италија, Бразил, Србија и САД како првопласирани во групите веќе обезбедија пласман на завршницата на Светското одбојкарско првенство за мажи. 

Ко-домаќинот Италија иако загуби од Русија со 3-2, сепак на коло до крајот на втората рунда има недостижна предност во однос на второ пласираната Русија. 

 

Друштво на „Аѕурите“ на завршниот „фајнал-сикс“ турнир во Торино ќе им прават и Бразил и САД кои се неприкосновени лидери во своите групи како и селекцијата на Србија која со 3-0 ја победи Аргентина.

Денешните натпревари од последното коло ќе треба да ги дадат и последните два патника на завршницата во Торино, а на која ќе играат двете најдобро пласирани од четирите групи.