Бизнис
9. July 2018 - 19:47

Само три македонски компании искористиле пари од ЕУ фондовите

Компаниите да ги користат парите од европските фондови за да станат поконкурентни на пазарот. Странските инвеститори во земјава се заинтересирани домашните фирми да бидат нивни директни снабдувачи. Но, анализите покажуваат дека на македонските компании неопходна им е поддршка за воведување нови технолошки процеси за да ги задоволат потребите на странските фирми. За таа цел, треба да се фокусираме кон користење на европските фондови, порачуваат од коморите.

Најголема можност за да станат директни снабдувачи имаат фирмите од електрометалната и металната индустрија, бидејќи странските инвеститори што изразија интерес за соработка се претежно од автомобилската индустрија.

До сега само 3 компании од земјава, од областа на роботиката и нанотехнологијата, искористиле средства од Европските фондови. Во рамки на ИПА, приватниот сектор сèуште нема можност да користи финансиска помош, освен во делот на ИПАРД програмата.