Македонија
17. January 2020 - 17:12

Само судска опомена за Курто Дудуш за тепање човек

„Судска опомена“ е казната за Градоначалникот на Шуто Оризари кој на ромскиот бал натепал гостин. Курто Дудуш и Демир Исмаили денеска се соочија во судница на првото и единствено рочиште. Градоначалникот Дудуш рече дека Исмаили го нападнал во афект и жали за инцидентот. Се извини, го призна делото и додаде оти да може да се врати времето, немало тоа да се случи. Нападниот Исмаили побара отштета од градоначалникот.

Градоначалникот Дудуш беше обвинет за нанесување телесна повреда, дело за кое предвидена е казна до три години. Судијата Ѓоко Ристов го казни со судска опомена, или воспитна мерка за да не го повтори делото.

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пресудата за Дудуш била доказ за неправдата што ја спроведува СДСМ.

Инцидентот меѓу Исмаили и градоначалникот на Шутка се случил на минатогодишниот ромски бал. Невладината „Асва“, донирала храна и облека за жителите на општината ама тоа не му се допаѓало на градоначалникот па физички го нападнал првиот човек на организацијата Исмаили.

Инаку лани во јавноста се појави аудио снимка во која се тврди дека се слуша гласот на првиот човек на општина Шутка кој во својот кабинет тепа и му се заканува на едно лице.

Јавното обвинителство тогаш најави дека го истражува настанот, но до сега нема поднесено обвинение.