Loading Video...
Спорт плус
20. May 2019 - 14:55

Само Русија со максимални шест победи на СП во хокеј

Во сенка на останатите случувања, минува Светското првенство во хокеј на мраз што се одржуа ва во Словачка.
 
По шест одиграни кола во групната фаза само хокеарите на Русија се единствените кои имаат максимален ефект. 
 
Русите кој со 18 бодови се лидери во Б групата пред Чешка која има три помалку, се наметнуваат како главни фаворити за шампионскиот трофеј. 
 
Во првата А група засега Финска е на челната позиција со 16 бода, пред  САД и Канада кои имаат 14 односно 12 бода. 
 
Денеска на шампионатот на програмата се четири средби
 
Во А групата играат Франција - Велика Британија  и Канада – Данска, додека ви групата Б двојките се Шведска -  Латвија и Австрија -  Италија