Loading Video...
Фудбал
18. November 2018 - 15:23

Само победа против Гибралтар во мислите на македонските фудбалери

 
Само победа против е во мислите на македонските фудбалери пред мечот против Гибралтар закажан за утре.
 
Фудбалската селекција на Македонија, утревечер на арената „Филип Втори“ во Скопје, го пречекува Гибралтар во последната рунда од четвртата по квалитет зона во Лигата на нациите.
 
Иако на црвено-жолтите доволен им е и нерешен резултат, сепак тие размислуваат само за полн плен и победа во дуелот против Гибралтар. 
 
„Добро познат ни е стилот на Гибралтар. Претежно се ориентирани во дефанзивата. Не е важно со кого играме, туку за што играме, а тоа е потврда на првото место и домашно полуфинале во плеј-офот. Не сакам да ги коментирам отсуствата, Пандев сигурно ќе ни фали, но тимот треба да одигра за него. Би сакал Гибралтар да го „отвориме“ уште на почеток. Нема потреба од никаква нервоза, за да одиграме квалитетно мора да бидеме агресивни уште од почеток“, изјави селекторот Ангеловски.
 
Со селекторот се согласува и напаѓачот Иван Тричковски кој беше стрелец на еден од двата гола во последниот меѓусебен дуел на овие две репрезентации. 
 
Само ние може да направиме победата над Гибралтар да е лесна. Се стремиме да даваме што повеќе голови, но не е лесно со дефанзивни селекции да се игра офанзивно и да се дава голови. Имаме историска шанса да разигруваме за пласман на ЕП. Се надевам на што поголема поддршка и заедно со навивачите да славиме“, истакна Тричковски.
 
Во пресрет на последното 6.коло од Д групата Македонија е лидер на табелата со 12 бодови, пред Ерменија која има 9, односно Гибралтар со 6 и Лихтенштајн со 3.
 
Утрешниот дуел меѓу Македонија и Гибралтар ќе се игра во вечерниот термин од 20 часот и 45 минути.