Балкан
26. April 2017 - 11:30

Само оваа жена се обидела да го сопре Божидар: "Влезе и рече ку*во ти си на ред"

Три истрели, не знам што се случи со моите деца, каде се! Викај полиција! Ова биле последните зборови на Рада Дачиќ, сопругата на Божидар кој сееше смрт и страв, која за време на масакрот отрчала во куќата на своите родители, но убиецот ја стигнал и ја убил.

Внукатана убиената жена за српскиот Ало раскажува што се случило кобниот ден: - Кога доје почна да вика. Каде ми се децата, слушнав истрели, викајте полиција! Не ни беше јасно што се случува, таа беше потресена. Викнавме полиција, таа раскажа дека рипнала од прозор и избегала. Беше доцна и за неа, вели таа.

Божидар го скршил стаклото на вратата со тупаница, внуката притрчала и се обидела да го смири, но залудно. Тој извикувал, каде е жена ми? Остави ме да ја убијам!

- Ја опцу и пукаше во неа, јас го држев но не можев да го спречам. рече ку*во ти си на ред!Потоа истрча надвор откако ја уби тетка ми која седеше на кревет, па се самоуби, вели внуката.

Инаку Божидар ги уби и синот и шурата, а тешко ја рани снаата.