Само Господ го чувал: Соседите раскажаа што се случило со 4- годишното момче кое падна од трети спрат од зграда
Момчето ги облекло чизмите и се нагрнало со ќебе, па тргнало по својот татко кој го оставил сам на неколку минути и отишол до продавница која се наоѓала во близина, и го заклучил оставајќи го сам на неколку минути. Момчето отишло до прозорецот, земало столче и се качил на кујнскиот прозорец па паднал од трети спрат- раскажа една од соседтките за тамошните медиуми.
Четири годишниот М.Р кој во неделата околу 5 часот, во белградската населба Котеж, падна од трети спрат од зграда, и за среќа остана жив.
Поради ќебето и дрвјата кои се наоѓеле под прозорецот на детето му е ублажен падот и сега се наоѓа во болница.
- Слушав некакви крици, најпрвин тивко а пота беше се погласно, мислев дека се работи за мачка, а кога погледнав надвор мојот мал сосед лежеше на тарабите, веднаш истрчав да помогнам, и го симнав од оградата- рекла сосетката Александра.
- Беше целиот со гребаници, додека паѓал се гребел од гранките на дрвата. Се тресеше о плачеше, а целиот беше со кал. Го пресоблеов и викнам брза помош, а во меѓувреме дојде и неговиот татко кој не можеше да поверува што се случило, само Господ го чувал- рекла таа.
Соседите велат дека таткото сам се грижи за детето и дека ова не е последица на негрижа за својот син, туку само сплет на околности.
- Тој работи на бензиска, а кога не е дома има ангажирано шена да се грижи за момчето. Детето е секогаш чисто уреднои добро облечено. Се труди да му обезбеди се што му е потребно, откако неодамна го напушти неговата сопруга и не сака да има никаков контакт со нив, а не дојде ни во неделата кога малиот падна- раскажал еден сосед.
За среќа момчето немало сериозни последици и е надвор од животна опсност.
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците