Живот
24. November 2016 - 17:28

Само една жена знае каде се наоѓа пепелта на Фреди Меркјури

На денешен ден пред 25 години почина Фреди Меркјури.

Легендарен пејач на групата „Квин“ боледуваше од СИДА, а неговата смрт беше предизвика од јака форма на бронхитис.

Фреди во последните месеци од неговиот живот не се појавуваше во јавноста, затоа што се плашел како ќе реагираатобожувателите кога ќе видат како изгледа поради болеста, но на тој начин сакал да ги заштити и неговите блиски.

Веста за својата болест ја објави дури 24 часа пред неговата смрт.

Тој почина во Лондон опкружен со најблиските пријатели кои знаеле дека одбива да зема лекови. Неговиот асистрен Петер Фристон отрки дека Фреди одел толку далеку за да ги заштите најблиските и себе си по неговата смрт, така што никој не знае каде се наоѓа неговата пепел, освен Мери Ештон, жената за која зборуваше дека е љубовта на неговиот живот.

Во неговата порака тој напиша дека сака Мери да ја преземе неговата пепел и никогаш да не открие што се случило со него.

Мери неколку години подоцна откри дека се плашела оти неговите обожавателите ќе ја ископаат неговата пепел, како што тоа го правеле со други познати личности.

До денес таа ниту на партнерот на Фреди, ниту на неговите родитлеи не им кажува каде е неговата пепел. Потрагата по пепелта на Фреди трае од 1991 година, па таа стана како еден вид Свет грал.

Фреди важи за еден од најдобрите пејачи на сите времиња и е најпрепознатлив како пејач на рок групата „Квин“, која влезе и во Гинисовата книга на рекорди како најуспешен бенд во историјата на британската топ листа.

„Bohemian Rhapsody“, „Killer Queen“, „Somebody to Love“, „Dont't Stop Me NOw“, „Crazy Little Thing Called Love“ и „We Are the Champions“ само се некои од хитовите пчо кои светот и денес го памети.

На 70-годишнината од неговото раѓање, Меѓународната астрономска унија по него именува еден астероид.