Македонија
16. November 2018 - 17:44

Само една третина од децата се вклучени во предучилишниот образовен процес

Само една третина од децата во Македонија се дел од предучилишното образование, а науката докажала дека квалитетно учење во најраната возраст овозможува подобри перформанси во подоцнежното образование.

Затоа е потребно постојано зголемување на капацитетите и подобрување на квалитетот на целокупниот кадар што е вклучен во предучилишното образование, што беше цел на работилницата за подобрување на компетенциите на воспитувачите

Според преставникот на УНИЦЕФ во земјава, клучно е децата во најраната возраст да бидат дел од добар образован систем.

Од Министерството за образование велат дека имаат конкретен план за подобрувањето на образовниот процес

Во насока на подобрување на развојните резултати кај децата, од Владата велат дека во Буџетот се предвидени капитални инвестиции во предучилишното образование, а една од главните целите е и зголемување на опфатот на деца кои посетуваат градинка.