Живот
22. July 2015 - 18:26

Само една споделена фотографија ја промени судбината на две кученца

Само една споделена фотографија ја промени судбината на две кученца. Кучињата Кала и Кира требало да бидат успиени, но откако здружение за спасување на животни сподели фотографија на која уплашените кучиња се прегрнати, нивната приказна доби среќен крај.

Само 2 часа и 6 минути откако здружението „Angels Among Us“ ја објави фотографијата, волонтер се пријавил да ги вдоми кученцата и со својата добродушна постапка им го спасил животот.

Од здружението од Атланта, Џорџија, споделија и втора фотографија од Кира и Кала со новиот сопственик. „Тие се безбедни. Не постојат зборови со кои можеме да ви опишеме колку сме среќни што овие најдобри пријатели се безбедни и заедно“ – пишува на постот на Facebook.