Фудбал
29. April 2017 - 18:29

Само еден бод Борусија Дортмунд во дуелот со Келн

 
 
 Екипата на Борусија Дортмунд освои само еден бод во дуелот против Келн.
 
Натпреварот кој се одигра во Дортмунд, а е дел од 31.коло на германската Бундес лига заврши без голови 0:0. Ова е шанса за Хофенхајм да го преземат третото место на „милионерите“ кое носи директен пласман во Лигата на шампионите.
 
Покрај дуелот во Дортмунд, попладнево беа одиграни и натпреварите: Лајпциг – Инголштат 0-0, Дармштат – Фрајбург 3-0, Мајнц - Борусија Менхенгладбах 1-2 и Вердер – Херта 2-0. Во последниот меч од денешната програма ќе играат Волфсбург - Баерн Минхен.
 
Последните два натпревари од ова коло на програмата се утре. Покрај мечот Хофенхајм – Ајнтрахт, утре ќе играат и Аугсбург – Хамбургер.
 
Табела: Баерн Минхен 70 бодови, Лајпциг 63, Борусија Дортмунд 57, Хофенхајм 55, Херта 46, Вердер 44, Фрајбург 44,...