Фудбал
16. January 2016 - 19:19

Само Челзи не победи пред своите навивачи

 Во Англискиот фудбалско првенство, попладнево беа одиграни  шест натпревари од 22.коло во Премиер лигата. На пет од нив победи забележаа домашните екипи, а единствено Челзи  не ги израдува своите симпатизери играјќи нерешено со Евертон 3:3.
 
На останатите натпревари каде победија домаќините беа постигнати овие резултати: Тотенхем – Сандерленд 4:1, Саутемптон – ВБА 3:0, Њукасл – Вест Хем 2:1, Манчестер Сити – Кристал Палас 4:0 и Бурнемут – Норвич 3:0. 
 
Денешната програма ќе ја заокружат Астон Вила и Лестер.
 
Утре, покрај дербито меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед, ќе се игра и дуелот Стоук – Арсенал, додека колото ќе биде комплетирано во понеделник со средбата Свонси – Ватфорд.