Фудбал
15. May 2022 - 20:01

Само бод за Сити во Лондон

Фудбалерите на Манчестер Сити избегнаа пораз на незгодното гостување кај Вест Хем каде одиграа 2-2 со што остануваат и натаму на лидерската позиција на табелата. 
Тимот на Гвардиола се врати по негатива од 2-0 и во финишот можеше и да триумфира но Марез го промаши досудениот пенал за неговиот тим. 
Вест Хем одлично го отвори резултатот со головите на Џерод Боуен но во продолжението Грилиш и Цоуфал обезбедија израмнување и бод за граѓаните кои во последното коло ја пречекуваат Астон Вила.