Фудбал
12. April 2016 - 9:49

Само бод за Рома на дуелот со Болоња

Екипата на Рома синоќа пред својата публика на „Олимпико“ одигра 1:1 со Болоња во последниот натпревар со кој беше комплетирано 32.коло на италијанската Серија А. 
 
Гостите поведоа со голот на Лука Росетини во 25.минута, а бод на домаќините им донесе Мохамед Салах со погодокот во 50.минута. 
 
По овој резултат Рома го губи чекорот со водечката двојка, Јувентус и Наполи. На шест кола до крајот на шампионатот Рома заостанува 12 бода зад лидерот Јувентус, односно шест зад Наполи кој е на втората позиција. 
 
Во трката за третата позиција која носи пласман во квалификациите за Лигата на шампионите следната сезона „римската волчица“ има шест бодови повеќе од Интер кој е на четвртото место. 
 
Болоња ја прекина серијата од три порази во низа и сега е 13.место со 37 бодови.