Бизнис
22. April 2019 - 22:40

Само 5% од компаниите во Македонија извезуваат на европските пазари

Производите на малите и средни компании стигаат само во регионот. Вратите кон поширокиот пазар се затворени за нив. Од бизнис секторот велат дека на овие фирми кој учествуваат со најголем процент во макеоднското стопанство  им недостасува технолшки развој, подобрувањ ена производните процеси и научно истражувачки проекти кои би им помогнале да се пробијат и на пазарите каде до сега не биле присутни.

Само 5 отсто од македонските фирми главно големи компании извезуваат на европските пазари. На останатите работата им се сведува на соработка со фирми дома и во соседството.

Овие компании имаат на располагање таканаречена европска мрежа преку која можат да се информирата за тамошниот пазар и да најдат партнери за соработка и пробивање на европскиот пазар.