Свет
7. April 2017 - 14:54

Само 30 секунди не делат од Трета светска војна! Бомби се фрлени во буре барут, катастрофа се приближува

САД го нападна воениот аеродром во Сирија во блзиина на Хомс. Испукани се 59 ракети од своите воени бродови на Медитеранот. Со новиот развој на случуваењата светските медиуми пренесуват дека можно е само 30 секунди да не делат од Тетата Светска војна, со оглед на тоа дека американскиот претседател Доналд Трамп „фрли буре барут на граѓанската војна во Сирија“, пренесува Мирор. 

Пред овој инцидент Трамп не покажа интерес за воено решавање на проблемот во Сирија. Бројни земји го поддрша американскиот ракетен напад, меѓу кои и Велика Британија. 

Од друга страна Русија остро го осуди овој напад, а претседателот Владимир Путин истакна дека Америка направила „агресија кон суверената држава“.

Америка верува дека Сирија е одговорна за нападот со хемиско оружје кој се случи во вторникот во кој настрадаа најмалку 70 луѓе, вклучувајќи и многу деца.

Трамп од Флорида се огласи дека Башар ал Асад со хемиско оружје нападнал невини цивили. 

Овој инцидент се случи точно кога Русија и пружа поддршка на сирскиот режим во своите воздушни напади, пренесува Мирор. 

Русија тврди дека нивните напади погодиле над десетина цели на ИСИС, а претседателот Владимир Путин истакна дека делувањето на Западот не дава резултати. Меѓутоа бунтовничките групи во Сирија тврдат дека тие се мета на нападите на руските сили и сирискиот режим, а не само ИСИС.

Поради тоа што воздушниот простор над Сирија е преоптоварен поради борбени авиони, хелихоптери, беспилотни летала и проектили, се тоа може да има сериозни глобални последици.

Во текот на 2015 г. американските авиони беа принудени да ги напуштат своите своите цели во Сирија и да внимаваат да ги избегнат руските авиони.

Во еден момент се случи руски и американски воени авиони да бидат одалечени на само 20 килоемтри едни од други, што со оглед на брзината со која патуваат може да доведе до катастрофа за само 30 секунди.

Ендру Фоксал, руски експерт вели дека оваа грешка може да доведе до "дипломатски инцидент со катастрофални размери".

Тој вели дека Русија има различни цели во Сирја во однас на НАТО коалицијата и дека Кремљ примарно го оддржува сирискиот режим на васт.

Доколку и Кина се вклучи во интервенцијата тоа дополнително би можело да ги закомплицира работите.