Македонија
20. May 2022 - 16:36

Само 2 медицински апарата вредни 4 милиони евра 9 години се оставени во депоа без да бидат употребени

Само два медицински апарати кои чинат четири милиони евра со години чекаат да бидат во функција на пациентите. Тоа се акцелераторите за битолската болница и ГОБ 8-ми септември набавени пред 9 години, но се уште не почнале со зрачна терапија за малигно болните. Во 2013 година беше удрен камен темелникот на бункерот за овој апарат во Битола со напомена дека ќе биде готов за 6 месеци а потоа по инсталирањето и во функција. Иако е целосно завршена процедурата никако да проработи. Апаратот, пак, за болницата 8-ми септември по неколкугодишното фаќање прашина во складиште во Скопје, сега е намонтиран но не и во употреба. Бункерот за овој акцелератор почна со градба уште во 2016 година, но по завршување на градежните работи ситуацијата се уште е статус кво. Не само што не е олеснета здравствената услуга за болните од рак туку и друга медицинска опрема набавена од големиот тендер пред десетина години стои запакувана во подруми. Министерот за здравство при гостувањето во дневникот на Сител кажа дека тоа е недопустливо и бара решение.

- Поради немање можеби буџет и имаме апарати кои стојат по 7-8 години и фирмите кои увезуваат опрема плаќаат и кирија и одржување на апаратите. Побарав од сите здравствени установи да кажат дали имаат информација дали е испланирано и до каде се со адаптирање на просторот, изјави Беким Сали министер за здравство.  

На прашањето на Сител до Министерството за здравство да дообјаснат во кои установи и каква апаратура стои во подруми ни одговорија дека за соодветна употреба на опремата, неопходно е претходно да се исполнат и одредени предуслови.

- За два линеарни акцелератори еден наменет за ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија и ЈЗУ Клиничка болница Штип за кои не се обезебдени просторни услови за инсталација, додека за истиот апарат во клиничка болница Битола истиот е инсталиран но потребна е набавка на комјутерска томографија, велат од МЗ.

Дополнителен проблем што многу апарати не профункционираа со самата набавка од делчната 2013 година е и немањето на соодветен кадар.