Само 16 земји ги исполниле обврските од Парискиот договор, меѓу нив и Македонија
Македонија е меѓу 16-те држави од вкупно 197 потписнички на Парискиот договор за климата, кои во целост ги исполниле обврските од тој договор, покажуваат резултатите од нова студија.
Освен Македонија, обврските ги исполниле Алжир, Канада, Костарика, Етиопија, Гватемала, Индонезија, Јапонија, Малезија, Црна Гора, Норвешка, Папуа Нова Гвинеја, Перу, самоа, Сингапур и Тонга.
„Нашите анализи покажуваат дека земјите бавно ги спроведуваат своите заложби за НДЦ (национално определени придонеси) како цели во националните закони и политики”, се вели во неодамна објавениот извештај.
Спроведувањето на Парискиот договор се потпира на пренесување на обврските кои државите ги презеле во НДЦ во нивните национални закони и политики, каде се дефинираат квантифицираните и мерливите домашни цели, пренесува Еуроактив делови од брифингот по повод направената студија..
„Имајќи предвид дека веќе постои јаз помеѓу целите во Парискиот договор и преземените обврски на земјите, препорачливо е државите да ја зајакнат ригидноста и транспарентноста на нивните тековни цели како што се изразени во нивните национални закони и политики”, се сугерира во извештајот..
Студијата „Усогласување на националните и меѓународните климатски цели” ја објави Институтот за истражување за климатски промени и животната средина Гринхам и Центарот за економски и социјални истражувања.
Ново на Сител
-
Битиќи: Работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори во 2025
-
Македонија треба да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“
-
Мицкоски најави нови проекти во Гевгелија
-
Бабовски: Кај нас нема од вафлите Нестле што се повлечени од хрватскиот пазар
-
Скопјанец наплаќал паркинг на државно земјиште
-
Кривична пријава за тројца полициски службеници за „несовесно работење во службата”
-
Вратен и третиот мандат за формирање влада, следат нови избори во Бугарија
-
Ѓурчески: Се сомневам дека Данка е киднапирана, детално чешлање на сите криминалци во тој регион