Македонија
1. October 2021 - 16:48

Само 15% од починатите во изминатите два месеци биле вакцинирани

175 вакцинирани граѓани ја изгубиле битката со коронавирусот. Последниот извештај од министерството за здравство покажува дека за два месеци во земјава починале 1162 лица со Ковид. Од нив 987 воошто не примиле вакцина.

- Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон, велат од МЗ.

Во извештајот е наведено дека од 6 август до вчера во земјава 35.531 граѓанин имале позитивен тест на Ковид, од нив 23 проценти биле целосно вакцинирани.

Од пациентите кои биле хоспитализирани 79 отсто воопшто не биле имунизирани.

Инаку досега во земјава комплетно вакцинирани се 729.794 граѓани односно 43,6 проценти од полнолетното население, а трета доза досега примиле 235 граѓани здравствени работници и постари од 60 години кои се вакцинирале пред повеќе од 6 месеци во странство, повеќето во Србија.

СТЕНД – Бројките покажуваат дека од ден на ден опаѓа интересот за вакцинација, вчера прва доза примиле помалку до 1000, односно 994 граѓани.