Бизнис
6. August 2018 - 19:40

Само 10 отсто од вкупниот број на фирми во земјава можат да ја користат државна помош

Само 600 компании, кои имале зголемен профит, вработувања и инвестиции имаат право на користење на државна помош, предвидена во Законот за финансиска поддршка на инвестициите, или само 10 отсто од вкупниот број на компании во земјава.

Од нив само 182 аплицирале за помош, а 100 потпишаа договори со државата. Од Стопанската комора велат дека само со државна помош може да се зголеми бројот на индустриски производи со конкурентна предност.

Оттаму посочија дека во изминатите три децении има тренд на деиндустријализација во Македонија, бидејќи учеството на индустријата во создавањето на БДП е двојно намалено.

Претставници на Стопанската комора во следниот период ќе ги посетат компаниите за кои сметаат дека ги исполнуваат условите за финансиска помош согласно законот.

Оттаму истакнаа дека бизнис заедницата била навремено информирана за условите за користење на мерките.

Државна помош можат да користат и македонските фирми, но и странските инвестиции.