Македонија
10. November 2016 - 16:15

Самка Ибраимовски останува без партија

Самка Ибраимовски остана без партија. Членовите на ПЦЕР денеска на прес конференција најавија дека партијата згаснува и дека комплетното раководство и членство преминува во партијата на Шабан Салиу во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

Мемедов вели дека Ибраимовски веќе нема легитимитет да носи одлуки бидејќи во неговата партија не останал речи си ниту еден член.  Тој пак, вчера во телефонски разговор ни потврди дека си заминува од коалицијата на СДСМ и дека остварил контакти со ВМРО-ДПМНЕ од каде чека официјална понуда за коалицирање. Денеска, Ибраимовски за медиумите блиски до опозицијата изјавил дека останува дел од коалицијата на СДСМ и дека нема да коалцира со ВМРО-ДПМНЕ, по што, неговата партија и официјално се распадна.

Со тоа, коалицијата на СДСМ остана без ниту една ромска партија, додека во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ сега има три ромски партии.