Бизнис
10. July 2017 - 21:24

Самитот во Трст шанса за Западен Балкан - Земјите имаат на располагање 200 милиони евра од ЕУ за инфраструктурни проекти

Седум регионални проекти за коие ќе издвојат грантови од вкупно 200 милиони евра ќе се промовираат на самитот на Европската унија за Западен Балкан на 12 јули во Трст.

Претставниците на унијата не откриваат во што се состојат проектите и колку од оваа сума е наменета за Македонија,  но велат дека ќе помогнат регионот инфсатруктурно да се поврзе со идеја да функционира како еден пазар од 20 милиони жители.

Евроамбасадорот Жбогар во тоа не гледа враќање на моделот на Југославија, плус Албанија, туку исчекор во евроинтеграциите.

- Всушност тоа треба да го олесни зголемувањето на трговијата меѓу земјите и отстранувањето на пречките за нивно интегрирање. Ќе се разговара и за инвестиции, како да се промовира целиот регион како поле за инвестиции. Меѓутоа тоа не е унија, туку подготовка на регионот од трговски аспект и негова хармонизација со регулативите на ЕУ. Крајната цел е да се стимулира трговијата меѓу земјите од регионот како пазар со над 20 милиони жители, рече евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Во рамки на самитот ќе се потпише договор за формирање Траснпортна заедница во регионот, ќе се отвори Канцеларија на стопанските комори од регионот во Трст, ќе одржи бизнис форум со директни средби меѓу стотина компании.

- По неколкуте години тензии сега политичката слика во регионот е попозитивна. Се надевам дека Трст ќе донесе едно придвижување, исчекор и важен пресврт, дека ќе придонесе да се смени перцепцијата за ЕУ во регионот, и обратно на ЕУ спрема регионот, рече Карло Ромео, амбасадор на Италија.

До 2020 Берлинскиот процес кој започна под покровителство на Германија и канцеларката Меркел треба да обезбеди поддршка за развој на Западниот Беакан од 1,3 милијарди евра.