-->
-->
Самит за Западен Балкан во јули во Лондон
-->
Следниот Самит посветен на Западен Балкан, во рамки на Берлинскиот процес, ќе биде одржан на 9 и 10 јули во Лондон, а една од главните теми ќе биде помош при дигиталната трансформација, изјави координаторот на средбата Ендрју Пејџ.
Тој истакна дека Велика Британија и покрај Брегзит, сака да остане посветена на регионот Западен Балкан.
- Приоритети ќе бидат економската стабилност, поврзаноста на земјите во ргеионот, натамошен развој на инфраструктура - патишта, железница, помош при дигиталната трансформација и претприемништвото меѓу младите, истакна Пејџ.
Тој потенцираше дека во изминатите години е направен голем напредок и потсети дека во Траст е потпишан Акциски план за заедничко економско подрачје во регионот, со цел унапредување на трговијата и инвестиции на Западен Балкан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра
-
Протест во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија се подготвува за седмите претседателски избори
-
Гласаат затворениците во Идризово
-
Гласањето во Прилеп без проблеми
-
ССМ повикува на масовна поддршка на првомајскиот протест
-
Прилепските цркви и годинава со хуманитарна акција пред Велигден