-->
-->
Самит на источното партнерство на ЕУ
-->
Во Брисел денеска се одржува самит на источното партнерство на ЕУ, со учество членките на Унијата и шест земји од Источна Европа - Азербејџан, Белорусија, Грузија, Ерменија, Молдавија и Украина.
Европската унија го свика Самитот за да се разговара за европската перспектива на тие држави, а од конкретните мерки се очекува да биде потпишан договор за партнерство со Ерменија.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко одби да учетвува на Самитот, а неговата земја ќе биде претставена од министерот за надворешни работи Владимир Макеи.
Покрај другите лидери на ЕУ, на Самитот во Брисел ќе учествува и германската техничка канцеларка Ангела Меркел, која се соочува со политичка криза по неуспехот да формира коалициска влада.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност