Loading Video...
Балкан
6. December 2022 - 16:38

Самит ЕУ-Западен Балкан во Тирана

Симболично е тоа што  самитот ЕУ-Западен Балкан се одржува на територија  надвор од Унијата, порачаа европските челници од Тирана. Ова е доказ дека  имаме заедничка иднина, бидејки без Балкан нема безбедна Европа, посочи  претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел .

40 државници и функционери од ЕУ и регионот учествуваат на  самитот во Тирана, мегу нив и тројката од Македонија, премиерот Ковачевски, вицепремиерот Маричиќ и министерот Османи.

На маса е зајакнување на стратечкото партнерство, со оглед на случувањата во Украина како и енергетската поддршка и соработка.

 Уште на самиот почеток, во Тирана е потпишана а роаминг декларацијата мегу мобилните оператори на ЕУ и Западниот Балкан, со што од октомври  следната година  ке  се намалат цените, а  крајна цел е оваа тарифа и целосно да се укине.

Во Албанија пристигна и српскиот претседател Вучиќ  кој до последен момент се закануваше дека ке го бојкотира самитот поради политиката на косовскиот премиер Курти на Косово. На самитот е и приштинската делегација која најави дека ке аплицира за членство во ЕУ.

Самит  ке  финишира со заедничка декларација, а регионалните лидери очекуваа конкретни заложби за членство во Унијата а не ветувања за далечна европска персепктива. Македонскот таргет за прием во Унијата е 2030 година, иако прегворите ефективно ке започнат дури  откако ке бидат направени уставните измени. За споредба Црна Гора и Србија преговараат речиси 10 години, при што Подгорица има затворено само три поглавја, а Белград два од вкупно 35 кои сега се поделени по кластери.