Кошарка
11. November 2015 - 8:50

Самарџиски за повеќе пари во Бујукчекмеџе

 
Предраг Самарџиски го заврши својот престој во екипата на Мега Лекс, откако реши кариерата да ја продолжи во Турција. Самарџиски ја искористи опцијата во случај на добра понуда од странство да го раскине договорот. Во иднина тој ќе го носи дресот на Бујукчекмече.
 
Самарџиски, кој по Евробаскетот му се приклучи на тимот на Мега Лекс, на седум средби во АБА лигата имаше во просек по натпревар по 10,6 поени и шест скокови.
 
Инаку, Бујукчекмече ќе биде четвртиот клуб за Самарџиски во Труција, тој претходно има настапувано за Олин, Мерсин и Анкара.
 
Самарџиски ќе биде вториот Македонец кој сезонава ќе настапува во турското првенство покрај Перо Антиќ кој го носи дресот на Фенербахче.