Кошарка
11. July 2017 - 10:49

Самарџиски останува во Србија

Поранешниот кошаркарски репрезентативец на Македониј, Предраг Самарџиски, го продолжи договорот со екипата на Мега за уште една сезона.
 
Самарџиски на почетокот на сезоната 2015/2016 играше во Мега, а по кус период кој го мина во Бујукчекмече во Турција тој на почеток на годината се врати во Мега.
 
По операцијата на коленото играше за овој тим во финишот на АБА лигата, додека во Суперлигата на Србија оствари 4,1 поен и 3,2 скока по натпревар.