Македонија
18. December 2018 - 16:15

Саливан: САД цврсто стојат зад договорот од Преспа и членството на Македонија во НАТО

Македонија нема друга алтернатива освен членството во НАТО по имплементација на договорот од Преспа.

Со ваква порака денеска во Скопје пристигна заменикот државен секретар на САД. Саливан ги повика пратениците да се издгнат над своите партиски интереси и да ги поддржат уставните измени.

Само на ваков начин вели дека ќе се зајакне безбедноста во регионот и ќе се намали штетното влијание на Русија која според САД на секаков начин се обидува да го поткопа целиот процес за евроинтеграција на земјава.

Покрај уставните измени, до средината на идната година Премиерот Заев вели дека Македонија ќе се фокусира и на сите останати реформи за да ја убеди Унијата дека е подготвена да го стартува пристапниот процес.

Успешната имплементација на договорот од Преспа беше во фокусот и на сите останати денешѓни средби на Саливан со претседателот Ивано, спикерот Џафери, министерот Димитров и координаторите на пратеничките групи во законодавниот дом.