Фудбал
30. August 2016 - 15:32

Салцбург „пречка“ за младите вардарци во ЛШ

Младинската екипа на Вардар го доби Салцбург за противник во Лига на шампиони за фудбалери до 19 години.
 
„Црвено-црните“ првиот натпревар го играат на 27 или 28 септември на гостински терен, додека реваншот е на домашен терен на 18 или 19 октомври. 
 
Ова е епилогот по жрепката за 1/16 финалето, а за пласман во плеј-офот потребно е да се поминат две фази.
 
Доколку го поминат Салцбург, ривал во следната фаза, односно во 1/8 финалето на вардарци ќе им биде победникот од дуелот помеѓу Динамо Тбилиси од Грузија и Каират Алмати од Казахстан. 
 
Групната фаза ќе се игра во февруари идната година со некој од второпласираните екипи од групната фаза од Лигата на шампионите.