Салата „Борис Трајковски“ преполна за Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Преполна е салата Борис Трајковски каде најголемата парламентарна партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржува Конвенција.
Под мотото „Нова ера“ ВМРО-ДПМНЕ ја презентира програмата за претстојните локални избори.
-„Нова ера“ на нашата нова понуда, нашите нови проекти, новата визија со која што од град во град, од село во село ќе одиме во наредниот период во целокупната кампања, презентирајќи ги нашите нови визии, нашите нови размислувања, а со тоа да овозможиме нова ера на секое населено место во Република Македонија. А од друга страна на тој начин да ја понудиме целокупната визија, изјави претседателот на Изборниот штаб на партијата, Спиро Ристовски во денешното гостување во вестите на телевизија Сител, пред почетокот на Конвенцијата.
На оваа конвенција ќе се обрати и претседателот на партијата, Никола Груевски.
Тој вчера преку социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека денеска партијата ќе ја презентира новата визија на ВМРО-ДПМНЕ.
-Утре во 20 часот во спортскиот центар Борис Трајковски, ќе ја презентираме нашата визија, новата ера за Македонија! Почнува ново утро, доаѓаат нови победи! Подобри денови за граѓаните. Имаме одлични програми, читајте ги внимателно и направете ја разликата!, напиша Груевски вчера на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка