Свет
6. August 2022 - 14:15

Салами: Израел ќе плати висока цена за нападите врз Палестинците во Газа

– Командантот на елитната иранска Револуционерна гарда, Хосеин Салами, денеска изјави дека Израел ќе плати висока цена за последните напади врз Палестинците во Газа, јави иранската државна телевизија.

-Израелците ќе платат уште една висока цена за нивното неодамнешно злосторство, изјави генерал-мајорот Хосеин Салами, мислејќи на израелските воздушни напади врз Газа, пренесуваат британските медиуми.

Салами денеска се сретна со лидерот на „Исламски џихад“, Зиад ал Нахал, кој во моменов се наоѓа во Иран.

Израелското воено воздухопловство го нападна Појасот Газа и позициите на екстремистичката група Исламски џихад (ИД), а палестинската страна одговори со канонада од ракетни напади врз Израел, со што е прекинато релативното примирје во пограничната зона што траеше повеќе од една година.