Фудбал
23. April 2018 - 10:45

Салах е најдобриот играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах го доби признанието играч на годината во Англија, во изборот на Унијата на професонални фудбалери. Египќанецот игра брилијантна сезона во Премиер лигата и има постигнато 31 гол, вкупно 41 во сите натпреварувања.

Напаѓачот на Ливерпул ќе има можност да се бори и за наградата „Златна топка“, но само доколку успее со Ливерпул да ја освои титулата во Лигата на шампионите. Ливерпул во вторник го игра првиот полуфинален меч против Рома.

Салах ја доби наградата во конкуренција на Кевин де Брујне, кој со Манчестер сити ја освои шампионската титула.

За најдобар млад играч е прогласен Лирој Сане од Манчестер сити.

Минатата недела Унијата на професионални фудбалери го избра и тимот на годината во Премиер лигата.

Де Хеа (манчестер јунајтед), Вокер (Манчестер сити), Отаменди (Манчестер сити), Вертонген (Тотенхем), Алонсо (Челси), Давид Силва (Манчестер сити), Де Брујне (Манчестер сити), Ериксен (Тотенхем), Салах (Ливерпул), Кејн (Тотенхем), Агуеро (Манчестер сити).