Салах донираше опрема за лекување на болни од Ковид-19 во родното египетско село
Напаѓачот на англискиот фудбалски првак Ливерпул, Мохамед Салах донираше кислород и друга медицинска опрема во своето родно село во египетската област Гарбија, помагајќи му на локалното население во лекување на заболени од Ковид-19, во време кога државата се соочува со вториот бран на коронавирус.
-Во хуманитарната организација „Мохамед Салах“ имаме 14 боци со кислород. Тука се за да им помогнат на луѓето од селото Нагриг и околните места. Располагаме, исто така, и со амбуланта што ја изгради Салах и функционира од мај минатата година, изјави раководителот на здружението Хасан Бакр.
Салах, кој и самиот беше заразен со коронавирус во ноември минатата година, одржува тесни врски со родното Нагриг, мало и сиромашно село на околу 130 километри северно од Каиро.
Египетскиот репрезентативец секоја година донира 64.000 долари на хуманитарното здружение кое го носи неговото име.
Ново на Сител
-
Нема повредени патници во сообраќајната незгода кај Шумарски факултет
-
Наредена евакуација на аеродромот во Франкфурт поради закана со огнено оружје
-
Пет лица загинаа во пожар во дрвена колиба во Норвешка, од нив четири деца
-
Oние кои прележале Ковид-19 засега не треба да се вакцинираат, вели Филипче
-
За енергетска ефикасност 52 милиони денари преку повеќе мерки
-
Филипче: Здравствениот систем е подготвен за вакцинација
-
Филипче: Офталмологија и оторинголарингологија почнуваат со редовна работа
-
Македонија против Египет го доживеа најтешкиот мундијалски пораз