Фудбал
12. February 2019 - 10:49

Сала починал од повреди на главата и на градите

Истрагата покажа дека аргентинскиот фудбалер починал од повреди на главата и на градите во моментот кога авионот се урнал во Англискиот канал. 

Смртта на Емилијано Сала настанала веднаш по уривањето на авионот во Англискиот канал. Аргетинецот се здобил со тешки повреди на главата и на градите по силниот удар, неговото тело било идентификувано со отпечаток од прст.

На денешното солушување на кое не присуствувало семејството на Сала, било сопштено дека истрага за падот на авионот ќе продолжи и во наредниот период од 12 месеци. Во меѓувреме е потврдено дека телото на пилотот, Дејвид Иботсон и натаму не е пронајдено.

Сала требаше својата кариера да ја продолжи во Кардиф но одлуката да се збогува со соиграчите од Нант се покажа како кобна за Аргентинецот, на патот кон Англија се случи голема несреќа, авионот во кој се возеше се урна. По една недела од големата трагедија специјални екипи ангажирани од неговото семејство го пронајдоа авионот во Англискиот канал, а во него имаше и едно тело.