Живот
4. May 2016 - 20:09

„Сакав секс за 300, а наместо тоа го добив најголемиот пекол во животот“

Се се случило на 15. декември минатата година кога 19-годишна девојка околу 15 часот се сретнала во еден кафич со непознат маж кој барал сексуални услуги. По краткиот разговор паднал договорот - девојката се согласила и се впуштиле во интимен однос за 300 куни. Го однела до една напуштена куќа недалеку од автобуската во Загреб.

Го измамиле

- Иако барал само секс што бил и подготвен да плати, на крајот доживеал вистинска ноќна мора, тепање и ограбување. 

„Те чакам на покривот“, му порачала на клиентот и тргнала кон највисоката просторија во куќата. 

Мажот побрзал кон неа без да насети дека нешто може да му се случи. Имено, наместо да го дочека млада девојка желна за неговите допири, одеднаш пред него се појавиле двајца насилника. Подоцна се дознало дека тоа биле едно момче од Србија и 44-годишен маж за кого се уште не е утврдено потеклото, ни државјанството. Се испоставиле дека го чекале таму, скрени во напуштената куќа. 

„Што правиш ти со мојата девојка“, почнал да вика 27-годишното момче. Следеле неколку навреди кон мажот. Но за брзо време ситуацијата станала опасна. Во рацете на 27-годипното момче имало нож со кој му се заканувал на клиентот и барал да му ги предаде сите вредни предмети што ги има кај себе.

- Вади се од џеповите“, му наредил, но мажот толку многу се уплашил што не можел ни да се помрдне. Затоа 27-годишното момче самиот му ги пребарал џеповите на неговото одело, како и во торбицата која ја имал со себе. За тоа време 44-годишниот маж одлучен да се домакне до парите на жртвата, на таванот пронашол летва. Почнал со неа силно да го удира клиентот за да не дава отпор кога го претресувале. 

На крајот немоќен повеќе да се брани, мажот останал без 3.2000 куни од паричникот, без возачката довола и рачниот часовниккој вредел околу 2.000 куни. бандата успеала да побегне, но полицијата успеала да им влезе во трага, а наскоро поради ова разбојништво сите тројца ќе се најдат пред судот.