Македонија
19. July 2016 - 14:29

Сакав да убијам осум луѓе: Мајката на Стефани напиша книга

„На само чекор до врвот“, книга за жената која може да се издигне откако ќе мине низ сѐ во животот. Психолошка, поучна, книга која ќе биде куршум во градите на оние кои треба да бидат повредени, наместо да бидат убиени. Мајката на Стефани Брзанова, чијашто смрт ја потресе јавноста во март, Александра Каранфиловска, ја најави својата книга-првенец, автобиографска интимна исповед, која е одговор на сите случувања и трагедии кои уследија по смртта на Стефани.

aleksandra

Александра гостуваше во утринска програма на Канал 5 и првпат по трагедијата отворено зборуваше за животот, Стефани, спа-центарот и секакокнигата, за која на Фејсбук објави дека испечатена во доволен број примероци и дека ќе има за сите.