Сакала да јаде повеќе од животот: Ники има само 33 години и 272 килограми
Ники Вебстер (33) има толку многу килограми што со години не си ги видела ниту колената ниту ножните прсти.
Во емисијата „Мојот живот со 300 килиграми“ која се емитува на каналот TLC, открива како изгледа животот на жената со 272 килограми.
-Мојата тежина ме убива. Не можам сама да се истуширам. Имам само 33 години, а целото тело ме боли. Го мразам. Знам дека ова сама си го направив. Храната е зависност која ме убива, вели Ники.
Првпат пред камерите застана пред година дена. Од тогаш до денес води битка со килограмите. Не само со тежината туку и борба за живот.
Нејзината состојба беше толку сериозна што мораше на операција, но за да може да преживее морала да ослабе 22 килограми. Некогаш по сопственото признание денот го почнувала со јадење. Дел од вината за нејзината состојба сносат и родителите кои и припремале храна и ја носела во соба за не мора да се симнува по скалите. Исто така и дозволувале да јаде што сака и така храната пополека почнала да ја убива. За да не дојде до смрт, нејзина последна шанса била операцијата за смалување на желудникот.
Благодарение на интервенцијата, успеала да ослабе 90 килограми и сега има околу 200. Она што дополнително ја мотивира покрај здравствените проблеми е и тоа што нејзината сестра Кортни одлучила и им забрани на своите деца да се дружат со неа, зошто нејзината килажа ги плаши.
Ново на Сител
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште