Живот
11. January 2018 - 18:50

Сакал да сними роденденско видео, но камерата наместо тоа снимила смрт!

Татко на осум деца во обид да сними роденденско видео смртно настрадал откако се лизнал и паднач во провалија.

Снимката е објавена на интернет и го покажува Халил Даг кој стои на врвот од една карпа во градот Урфа во јужна Турција.

Потоа скока од карпата, но губи рамнотежа при доскокот и се лизга кон работ на 164 метрска провалија.

Неговиот шокиран пријател вика и пробува да му помогне, но без корист.

Триесетиосум годишниот Даг на дното од провалијата во близина на курдски ресторан и веднаш бил одведен во болница во Баликлигол, каде починал.