Фудбал
3. October 2017 - 11:21

Сака независност но и да игра за Шпанија?!

Фудбалерот на Барселона, Џерард Пике, кој отворено ја поддржува независноста на Каталонија, со свирежи е пречекан на тренингот на шпанската репрезентација во Мадрид.
 
Шпанските репрезентативци се подготвуваат за последите две квалификациски средби, сo Албанија и со Израел, а главна цел на фавовите е дефанзивецот на Барселона, Џерард Пике, кој гласаше на референдумот за независноста на Каталонија и кој потоа го критикуваше полициското насилство над гласачите.
 
Навивачите на Шпанија на тренингот му порачаа на Пике да си оди од репрезентацијата.
 
Обезбедувањето му наредило на еден навивач да го тргне транспарентот на кој пишувало „Пике ти си болен“.
https://